Чирковиќ: Не загубивме, туку научивме добра лекција

Еурофарм Работник одигра квалитетен меч, но загуби од Хановер, на стартот од групната фаза во Купот на ЕХФ. Ѓорѓе Чирковиќ, стратегот на Еурофарм Работник, по завршетокот на натпреварот истакна дека неговиот тим добил голема лекција.

„Честитки за победата на Хановер. Вечерва не загубивме, туку научивме лекција. Хановер има проблеми со неколку повредени ракометари и им посакувам да ги надминат тие проблеми. Ние имаме уште пет натпревари да го покажеме нашето најдобро издание“, изјави Чирковиќ.

Се вчитува...