„Чкембари“: Акционерите да си го подмират долгот…, нема да седиме на страна и да молчиме!

По сите бурни случувања оваа есен во еден од најславните домашни фудбалски колективи, денеска со свој став се огласи и навивачката група на Пелистер, „Чкембарите“ кои повикаа досегашните акционери Орка Холдинг, Пелистерка, ЗИК Пелагонија, Жито Битола да ги подмират долговите кон клубот.

По денешниот апел од општина Битола акционерите да го подмират долгот кој го оставија во клубот, на истиот се приклучија и „Чкембарите“ кои потенцираат дека нема да седат на страна и да бидат неми посматрачи на целата ситуација. Според „Чкембари“, доколку акционерите не ги подмират своите обврски кон клубот, општина Битола треба да ги бара по судски пат.

„Апел!!! Да не се дозволи распад на ФК Пелистер, да не дозволиме да се повтори историјата, од Куп победници до второлигаши или пак не дај боже исфрлање на клубот во 4-та лига. Општина Битола, ако останатите акционери во клубот не сакаат да си ги исполнат нивните обврски ве охрабруваме истите да си ги побарате по судски пат. Не може некој да се луксузира и да купува мерцедеси од по 100.000 евра а истовремено да си поигрува со спортската гордост на еден цел град. Исто така сакаме да ве известиме дека Н.Г. Чкембари нема да седи настрана и немо да ги следи овие случувања. Пелистерка, ЗИК Пелагонија, Жито Битола, завршете си ги своите обврски спрема клубот, да не не можете да си ги завршите вашите основни дејности!!!“ – се вели во соопштението од „Чкембарите“.

Се вчитува...