Чоло збесна – Зар е можно ова? Атлетико не реализираше контра 3 на 0! (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид во моментов има реми на гостувањето кај Реал Бетис (1-1) во 27. коло од шпанската Ла лига. „Душекчиите“ поведоа со голот на Жоао Феликс во 21. минута, по што следуваше веројатно најголемото промашување во историјата на човештвото.

При еден контра напад играчите од главниот град на Шпанија не успеаја да реализираат контра 3 на 0, откако Караско лошо ја додаде и не ги проигра своите соиграчи кои беа сами на празниот гол на Бетис. По ова промашување следуваше казна, а Телјо во судиското продолжение го израмни резултатот.

 

Се вчитува...