Чонси Билапс седнува на клупата на Портланд

Легендарниот Чонси Билапс следната сезона ќе биде на клупата на Портланд Треилблејзерс. Ова за него ќе биде прво работно искуство како главен тренер во НБА лигата, а сезонава беше помошник на Тајрон Лу во Лос Анџелес Клиперс.

Блејзерси кои беа елиминирани во првото коло во Западната конференција од Денвер Нагетс се одлучија по девет години да се разделат со Тери Стотс.

Билапс зад себе има неверојатна играчка кариера. Во 2004 година стигна до титулата со Детроиот Пистонс, а во финалната серија беше избран за МВП.

 

 

 

Се вчитува...