Чориќ промовиран во Металург: Тука сум да помогнам да стигнеме до зацртаните цели

Специјалистот за одбрана Тео Чориќ денеска и официјално промовиран во дресот на Металург. Чориќ, кој во својата кариера настапувал за Замет, Пореч, Загреб и Штутгарт, последните две сезони ги мина во екипата на Рајн Викинг, член на втората Бундес лига.

Договорот со Чориќ е потпишан со важност од една и пол година, а неговиот дебитански настап е денеска, против екипата на Тинекс Пролет.

“Задоволен сум од својот трансфер во Металург, бидејќи се работи за екипа со големо меѓународно реноме и традиција. Се надевам дека со моето искуство ќе му помогнам на Металург во борбата за една од првите две позиции во националното првенство, позиции кои обезбедуваат настап во СЕХА-лигата и во една од посилните европски лиги“ – кратко изјави Чориќ по промоцијата во Металург.

Се вчитува...