Човек ли е Роналдо…или ѕвер? Скокна 2,10 метри и зафати ножички за еврогол против Буфон!

Кристијано Роналдо повторно го воодушеви фудбалскиот свет со својата игра против Јувентус во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите. Во елитното европско натпреварување тој е фантастичен, а долго ќе се памети голот со ножички со кој успеа по вторпат да го совлада Џанлуиџи Буфон.

Неверојатните способности на Португалецот дојдоа до израз. Тој ја удри топката на 2,10 метри од земјата, што само ја отсликува неговата одлична физичка подготвеност и скочност. По ова, топката заврши во левиот агол од голот на Јувентус, а Буфон беше немоќен.

Се вчитува...