Човек на одлука: Куртоа запре серија на Барса што траеше 45 години

Винисиус и Дијаз ги постигнаа головите за триумф, но најзаслужен за синоќешната победа на Реал Мадрид без конкуренција беше Тибо Куртоа. Голманот на „кралевите“ бранеше извонредно, во првиот дел одбрани два зицери, овозможувајќи му на тимот во „егал-ситуација“ да влезе во завршницата во која стигна до победата.

Белгиецот со одличното издание запре и серија на Барселона што траеше дури 45 години, период во кој каталонскиот гигант постигнуваше најмалку по еден погодок на дуелите со Реал во „Ла Лига“. Сезонава Куртоа бранеше беспрекорно и при ремито 0-0 на „Камп Ноу“, за синоќа да продолжи со бравурозните интервенции.

Последен пат Барса не дала гол на два меча во иста ссезона против Реал во сезоната 1974/75, кога капитен на каталонскиот гигант беше Јохан Кројф. Тогаш Реал го доби домашниот дуел со 1-0, а мечот на „Камп Ноу“ заврши без погодоци.

Тибо Куртоа сезонава бранеше на 31 средба за Реал Мадрид, притоа успевајќи на 15 од нив да ја сочува мрежата незатресена.

Се вчитува...