Човекот кој го „раскринка“ Манчестер сити оставен на цедило

Човекот по чии откритија е започната истрага од страна на Премиер лигата против Манчестер сити, Руи Пинто, на 10 октомври би можел да биде тргнат од португалската државна програма за заштитени сведоци, објави неговиот правен тим.

Пинто во 2020 година, откако се согласи да соработува со властите и ги предаде документите до кои дојде во операцијата „Фудбал ликс“, беше вклучен во програмата на заштитени сведоци во Португалија, со што доби правна и безбедносна заштита.

Но, сега, неговиот правен тим тврди дека таа заштита ќе му виде укината на 10 октомври, само неколку дена откако Манчестер сити беше прогласен за виновен по 114 точки од обвиненијата за прекршување на финансиските правила на Премиер лигата.

„Руи Пинто кој стои зад „Фудбал ликс“ во средата е известен дека од 10 октомври повеќе нема да биде дел од програмата за заштитени сведоци“, стои во соопштението на неговиот правен тим.

За неговите адвокати оваа ситуација е критична и порачуваат дека заканите кои Пинто ги добива се реални. тие тврдат дека во април годинава, Пинто бил физички нападнат во Лисабон.

 

 

 

Адвокатите бараат да не се укинува неговата заштита бидејќи тоа што Пинто го откри погоди многу моќни лица и организации, додека бројни постапки кои произлегоа од „Фудбал ликс“ се уште се активни.

Пинто беше клучниот човек во операцијата „Фудбал ликс“ со која беа објавувани доверливи документи од светот на фудбалот.

Благодарение на неговите откритија, Премиер лигата покрена истрага против Манчестер сити и неодомна донесе одлука дека е виновен по 114 точки од обвинанијата за прекршување на финансиските правила на Премиер лигата.

Се вчитува...