Човекот кој го создаде модерниот Ливерпул „главна мета“ на Јунајтед

Доскорешниот спортски директор на Ливерпул, Мајкл Едвардс се наоѓа во листата на желби на Манчестер јунајтед ова лето. Покрај „црвените-ѓаволи“ заинтесираност покажаа и Челси и Ајакс, но сепак најсериозен кандидат за него е најголемиот ривал на „црвените“.

Едвардс одигра клучна улога во носењето на екипата која успеа да ги освои сите можни трофеи во мандатот на Јирген Клоп. Доведе фудбалери како Алисон, Ван Дајк, Робертсон, Тијаго, Фабињо, Салах, Мане…

Сепак, најпознат ќе остане по тоа што успеа на Барселона да и го продаде Филипе Кутињо за сума од 135 милиони евра.

Се вчитува...