Човекот кој ја шокираше Барса: Срцето ми бие за тој клуб, Ла масија е најдобрата школа во светот

Барселона ќе го памети името на Ориол Солдевила, иако за кратко бидејќи неговиот хет-трик не му наштети на каталонскиот гигант во „Копа дел Реј“.

Барса победи со 4-3 по продолженијата, а Солдевила постигна три гола за третолигашот Интерсити, кој израмни во 86. минута и го одведе мечот во продолженија.

По мечот, Солдевила на подарок ја доби топката со која постигна три гола, а емотивно проговори и за натпреварот.

„Јас сум навивач на Барселона од моето раѓање, но ова беше меч од соништата. Се сеќавам на „Ла Масија“, и времето поминато таму. Тоа е најдобрата фудбалска школа во светот“, изјави по натпреварот Ориол Солдевила.

Се вчитува...