Човекот што ги погоди претходните шампиони, даде прогноза за СП во Катар

Брокерот Јоаким Клемен, кој создаде математичка формула за пресметување кој ќе биде новиот светски шампион, а минатите две првенства ги погоди шампионите Германија (2014) и Франција (2018), даде своја прогноза и за мундијалот во Катар.

Според неговата формула, нов светски шампион ќе биде Аргентина. Лионел Меси и компанија во финалето ќе ја совладаат Англија, а во полуфиналето ќе ја елиминираат Шпанија.

Формулата што ја создал вклучува различни елементи. Тој ја разгледува моменталната форма на тимовите, но и разновидните социо-економски варијабли кои не се директно поврзани со спортот.

Клемен е брокер во „Либерум Капитал“, која работи повеќе од две децении.

Се вчитува...