Чубраковиќ останува во Академија Пандев

Академија Пандев го задржува Душан Чубраковиќ, откако српскиот интернационалец денеска потпиша нов едногодишен договор со актуелниот освојувач на Купот на Македонија.

Чубраковиќ беше еден од најзаслужните за освојувањето на куп-трофејот, па како награда доби нов договор со „пандевци“ и ќе има можност со македонскиот прволигаш да настапува и во европските купови, во квалификациите за Лигата на Европа.

Се вчитува...