Сензација во кошаркарската Супер-лига. И без најдобриот кошаркар Грин кој се повреди на стартот на мечот, и со прифаќање на улогата на аутсајдер, кошаркарите на Маџари направија огромно чудо и се пласираа во финалето на плеј-офот во кошаркарската Супер-Лига, победувајќи го фаворитот ТФТ со 2-0 во полуфиналната серија.
Вечерва Маџари триумфираше над ТФТ со 71-69 во драматична завршница, и го направија најголемиот успех во историјата. Ташовски беше трагичар за гостинскиот тим, имаше три слободни фрлања за победа, но ги промаши сите три и така не успеа да го однесе ТФТ во финалето.
Вечерашниот меч беше кошаркарска „вртелешка“. Двата тима се менуваа цело време во водството, најпрво водеа домашните, потоа гостите го презедоа водството, па повоторно Маџари, па пак ТФТ…
Мечот беше решен во финишот, кога Маџари имаше посилни нерви. Од 65-65, направија серија од три поени, и стигнаа до 68-65. Долги беа последните неколку секунди од мечот, во кои и двата тимаа бараа победа.
Ташовски со две слободни дојде до 68-67, а потоа слободни и за Маџари Петковски беше ефикасен од двете слободни, за нови три разлика на 12 секунди до крајот.
И повторно слободни фрлања за Ташовски на 9 секунди до крајот, едно намерно промашено, а Луис ја прифати топката, и направија прекршок врз него. Кошаркарот на Маџари го релаизираше само едното слободно фрлање, и повторно му требаше тројка на ТФТ за да стигне.
Ташовски ја зеде топката и врз него беше направен прекршок на средината на теренот. Судиите прегледуваа дури дали има и елементи за неспортски фаул, но на крајот само две слободни за ТФТ. Ташовски одново едно погоди, едно намерно промаши, но најпрво судиите погрешија мислејќи дека не го погоди обрачот, a по прегледување на снимката му ја доделија топката на ТФТ од страна.
Изведоа до Ташовски кој се обиде со тројка, притоа беше фаулиран и ТФТ доби три слободни фрлања. Но, неверојатно ги промаши сите три од линијата за слободни, за голема радост на Маџари.
Луис беше најефикасен со 24 поени, додека Ташовски постигна исто толку кај гостите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
