Чудо во НБА: Хјустон победи по 20 порази во низа, Адетокумбо го повреди коленото

Хјустон ја прекина најдолгата губитничка серија во НБА оваа сезона откако „ракетите“ по 20 порази во низа, синоќа конечно триумфирааа на дуелот против Торонто со 117-99. Мечот беше максимално израмнет во првите три четвртини, за потоа Хјустон да издоминира во последните дванаесет минути, добивајќи го овој период со 29-13 и заслужено стигнувајќи до триумфот, воедно продлабочувајќи ја кризата на Торонто, за кого ова беше деветти пораз во серија.

Тејт со 22 поени беше прв стрелец на Торонто на оваа средба, а Џон Вил стигна и до трипл-дабл за победничкиот состав, реализирајќи 19 поени, 11 скокови и 10 асистенции.

Милвоки го демолираше составот на Индијана со 140-113, победа што беше најавена со неверојатната прва четвртина во која Милвоки постигна дури 48 поени (48-26). Сепак, овој меч нема да го паметат по добро во Милвоки по повредата на коленото што ја заработи Адетокумбо, кој мораше да биде заменет уште во првата четвртина и повеќе не се врати на теренот. Холидеј со 28 и Мидлтон со 25 поени беа нјефикасни во победничкиот состав.

Мемфис по огромна битка и продолжение од пет минути го совлада Бостон со 132-126. Морант со 29 поени ги предводеше стрелците на оваа средба, додека најефикасен кај Бостон беше Браун со 27 постигнати поени.

Резултати НБА:

Кливленд – Сакраменто 105-119, Минесота – Оклахома 103-112, Сан Антонио – Шарлот 97-100, Чикаго – Јута 95-120, Хјустон – Торонто 117-99, Мемфис – Бостон 132-126 (по прод.), Милвоки – Индијана 140-113, ЛА Клиперс – Атланта 119-110.

Се вчитува...