Чупиќ: Најдобрите навивачи во светот да ни помогнат за триумф над Нант

Ракометниот шампион на Македонија, Вардар по пауза од пет години ја враќа Лигата на шампионите во „Јане Сандански“ откако утре во 18.45 часот ќе го пречека францускиот тим, Нант.

По воведниот пораз на гостувањето во Мелсунген „црвено-црните“ ќе направат се да стигнат до победа против на дебито пред своите навивачи. Тренерот Иван Чупиќ пред утрешниот меч говореше пред медиумите…

„По првото коло во Германија, ни доаѓа прв меч дома. Имаме големи очекувања за утрешниот меч. За Нант можам да кажам само убави зборови. Сигурно дека имаме свои желби како да стигнеме до прва победа. Мора да бидеме претпазливи и од почеток да веруваме. Сакам да видам вистинска конекција меѓу нашите навивачи и ракометарите. Утрешна победа ќе ни биде ветер во грб за следните мечеви“, изјави Чупиќ. 

 

Се вчитува...