Ракометарите на Вардар по петгодишна пауза се вратија во Лигата на шампионите со пораз. „Црвено-црните“ синоќа загубија 33-31 на гостувањето кај Мелсунген, но покажа дека може да играат рамноправно против фаворитот во сегментот.
По мечот тренерот, Иван Чупиќ вели дека иако имале свои шанси, заслужена е победата на Мелсунген…
„Тоа беше добар натпревар од двете екипи. Имавме неколку моменти во кои можевме да израмниме или можеби да поведеме. Атмосферата беше одлична и таа придонесе за заслужената победа на Мелсунген“, изјави Чупиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
