Чупиќ: Нант беше посреќен од нас, мора да се заблагодарам на овие наши луди навивачи

Ракометарите на двократниот европски шампион Вардар загуби на домашен терен од француски Нант со 32-33 во првиот натпревар од новата сезона на домашен терен.

По мечот свое гледиште даде тренерот на „црвено-црните“, Иван Чупиќ…

„Ќе се сложам дека беше луд натпревар и дека нијанси го решија натпреварот. Треба да сме среќни што имавме само еден гол негатива на полувреме. Во вториот дел видовме неверојатен натпревар. Можеби беа посреќни, можеби имаат поголемо искуство од нас во елитата па на крајот тоа одлучи. Сакам да и се заблагодарам уште еднаш на овие луди навивачи кои ги нема на друго место во Европа“, изјави Чупиќ. 

Се вчитува...