Чупиќ пречекан од својата публика – Хрватот доби овации во „Јане Сандански“ (ФОТО)

Пред почетокот на натпреварот од 11. коло во ракометната Лига на шампиони меѓу Вардар и ППД Загреб, двократниот европски првак му оддаде признание на еден од милениците изминатите години, Иван Чупиќ.

Чупиќ на крајот на минатата година го напушти Вардар и се врати во родната Хрватска каде од сезонава го носи дресот на ППД Загреб. Сепак, од клубот не заборавија што има Хрватот направено за двократниот европски шампион и затоа му направија чест на првото доаѓање во Скопје по заминувањето.

Инаку Чупиќ беше дел од двете титули на Вардар во Лигата на шампионите, а во првата во 2017 година го постигна победничкиот погодок во последните моменти од натпреварот против ПСЖ.

Се вчитува...