Чупиќ: Сакам да ја видам Македонија назад во Загреб за полуфинале

ЕКИПА на ЕП во Хрватскa,

Билјана Б. Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски

Хрватска има минимални шанси за пласман во полуфиналето од ЕП 2018, „коцкестите“ играат далеку под очекувањата, а Лино Червар се мачеше да ја најде победничката комбинација и на дуелот со Белорусија што „коцкестите“ едвај го добијa.

Водевме со по пет гола, но не успеавме мирно да го завршиме натпреварот. Најважно сепак е што извлековме два бода пред дуелите со Франција и Норвешка. Предизвикот е голем, но ние веруваме дека можеме да се надигруваме со финалистите од последниот мундијал и да стигнеме до двете победи што би ја одвеле Хрватска во полуфиналето“ – изјави Иван Чупиќ, десното крило на Вардар и на хрватската репрезентација.

Како што стојат работите во моментов, многу пореално е во полуфиналето да се најде Македонија отколку домаќинот Хрватска.

Ги гледавме сите ваши натпревари и навистина сум импресиониран од начинот на игра на Македонија. Имате уште предизвици, но искрено се надевам дека ќе се вратите назад во Загреб за да играте полуфинале. Моја желба е да има што повеќе балкански репрезентации во завршната борба за медали“ – порача Чупиќ.

Се вчитува...