Чупиќ: Во иднина Вардар нема да биде истиот – ќе го нема овој моќен состав!

ЕКИПА во Келн,

Симон Котларов

Хрватскиот репрезентативец од Вардар, Иван Чупиќ не го криеше разочарувањето што „црвено-црните“ не успеаја да стигнат барем до една победа на Ф4 турнирот во Келн.

„Без разлика што игравме за трето место имаше огромна желба и кај двете екипи за победа. Мислам дека добро функциониравме, но на крај останавме малку без сила… На крај не недостасуваше сила и концентрација, и не успеавме да победиме. Минатата година имавме и среќа во финишот, сега не беше така“ – истакна Чупиќ по мечот.

За Чупиќ е жално што вака се заврши, затоа што не знае дали Вардар повторно ќе биде во иднина вака моќен…

„Жал ми е што вака заврши овој извонреден, моќен состав на Вардар… Сите знаеме дека следната година добар дел ракометари заминуваат, нема да биде овој тим… Некои работи ќе се променат во иднина во Вардар, па затоа сакавме со успех оваа генерација да се збогува. Но, тоа е ракометот“ – истакна Чупиќ.

Се вчитува...