Чупиќ за победничкиот гол: Договорот беше да се прави вишок на мене, се потоа е историја…!

Хрватскиот репрезентативец Иван Чупиќ е херојот на Вардар на патот до кровот на Европа. Човекот кој со гол на една секунда пред крајот го реши Омејер и донесе огромна радост за себе, за своите соиграчи и за целата македонска спортска јавност.

Последните седум секунди од финалето со ПСЖ засекогаш ќе останат силно врежани во секој вардаров навивач, а погодок на Чупиќ – гол кој вечно ќе го памети македонската ракометна историја.

Иван Чупиќ ги открива и деталите околу договорот како да се одигра последната акција на „вардарци“…

„Мораше малку да се смириме пред последната акција па Раул повика тајм-аут. Договорот беше да се направи вишок на мене, и испадна како што испадна, и тоа е тоа… Се потоа е историја. Среќен сум што така се слави во Македонија. Луѓето слават, и нека слават, не само денеска“ – вели Чупиќ по вчерашното извонредно финале.

„Оваа титула трае веќе десет месеци, максимално ја заслуживме, и ние и сите оние кои со нас беа на било кој начин. Покажавме дека имаме нешто. Можеби не одигравме убаво за око како што знаеме, но ја постигнавме целта. На почетокот од сезоната тешко дека некој ќе поверуваше во вакво нешто, но… Ете, сега сме шампиони“ – вели Чупиќ.

Се вчитува...