Чурлинов и Штутгарт ги понижија „милионерите“ среде Дортмунд

Резултатската криза на Борусија Дортмунд уште повеќе се продлабочи откако „милионерите“ беа понижени на домашен терен од Штутгарт со 1-5, нивни трети пораз во последните четири кола од Бундес-лигата. Отсуството на Халанд премногу се чувствува во тимот на Лусијан Фавр, но не е проблем само нападот, туку пред се одбраната која воопшто не функционираше на денешниот дуел. Офанзивниот состав на Штутгарт знаеше како да го казни тоа, одигра храбро и на крајот стигна до убедлив триумф. „Швабите“ имаа одлична шанса при резултат 0-1, Борусија казни со прекрасниот погодок на Реина, но Штутгарт одговори со фуриозно второ полувреме во кое постигна дури четири гола

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов влезе во игра во 88. минута, при резултат 1-4, по што Гонзалез во судиското продолжение ги постави конечните 1-5 за Штутгарт.

За разлика од Борусија, фудбалерите на Лајпциг рутински ги добиваат своите домашни натпревари како што тоа беше случај и денешниот дуел со Вердер. Избраниците на Нагелсман триумфираа со 2-0, со головите што во првото полувреме ги постигнаа Сабицер (од пенал) и Дани Олмо.

Резултати Германија:

Борусија Д. – Штутгарт 1-5, Борусија М. – Херта 1-1, Лајпциг – Вердер 2-0, Мајнц – Келн 0-1, Фрајбург – Арминија 2-0.

Се вчитува...