Чурлинов и Штутгарт му пресудија на Фавр

Лусиен Фавр заработи отказ по очајниот старт на сезоната на Борусија Дортмунд и покрај големите очекувања. Тимот откако се повреди Ерлинг Халанд игра катастрофално, а вчерашниот дебакл против Штутгарт беше доволен клубот да се раздели со искусниот тренер.

Неговиот наследник се уште не е познат, а веќе се шпекулира со неколку имиња меѓу кои се и Маурисио Покетино и Масимилијано Алегри.

 

Се вчитува...