Чурлинов не запира – нов гол за Погон, против екс-шампионот на Полска

Дарко Чурлинов продолжи со одличните изданија во дресот на Погон, стрелајќи прецизно и на вечерашното гостување против поранешниот првак Раков.

Се играше самиот почеток кога македонскиот напаѓач одлично се снајде, па веќе во 5. минута мајсторски стрелаше над главата на голманот, во мрежата на домашниот состав за рано водство на Погон од 0-1.

Ова е четврти погодок на Чурлинов во полскиот шампионат за тимот на Погон, со што Македонецот полека, но сигурно се наметнува како важен играч во навалната линија на својот нов клуб.

Се вчитува...