Дарко Чурлинов втор натпревар по ред добива шанса во Штутгарт во рамките од Бундес-лигата откако младинскиот репрезентативец на Македонија влезе во игра и на вечерашниот натпревар на кој неговиот тим ремизираше 1-1 на гостувањето против Шалке.
Домаќините, кои се уште се без триумф во германскиот шампионат, први поведоа преку Тиав во 30. минута, а Штутгарт израмни на почетокот од второто полувреме со пеналот на Гонзалез.
Чурлинов влезе на теренот во 79. минута на местото на Кулибали, но Македонецот не се најде во шанса во која би можел да постигне гол и да му донесе радост на својот тим на ова незгодно гостување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА