Чурлинов приклучен на првиот тим на Келн

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Дарко Чурлинов доби повик за приклучување на подготовките на првиот тим на бундеслигашот Келн.

По одличната полусезона во младинската лига на Германија и постигнатите 11 погодоци, шефот на стручниот штаб на Келн, Александер Верл се одлучи да го повика 19-годишниот Чурлинов да биде дел од сениорскиот тим на подготовките во следните две недели во шпанска Мајорка.

Без сомнение, извонредна можност за дополнителен напредок на македонскиот напаѓач кој е и најмлад дебитант во националниот тим во историјата на македонскиот репрезентативен фудбал. По подготовките во Мајорка, стручниот штаб на Келн ќе одлучи и дали во пролетниот дел од шампионатот ќе се смета на Чурлинов за настапите на првиот тим во Бундеслигата.

 

Се вчитува...