Covid-19 и во Реал Мадрид: Мартин Одегард позитивен на коронавирус

Н0рвешкиот интернационалец Мартин Одегард е позитивен на коронавирус, информираат од Реал Мадрид. Неговиот последен ПЦР тест покажал дека е позитивен на Covid-19. Тој веднаш е изолиран од останатиот дел од екипата и ќе остане во карантин, а ќе мора да покаже негативен тест пред да се врати на тренинзите на тимот.

Младиот играч за врска е позитивен по првиот одигран меч на „кралскиот клуб“ оваа сезона против Реал Сосиедад, откако претходната сезона ја одигра токму на позајмица во овој клуб.

 

Се вчитува...