Да позавиди и Мурињо: Барса со нов минималец до три бода против Билбао (ВИДЕО)

Да позавиди и Жозе Мурињо, фудбалерите на Барселона под водство на Чави Хернандез успеаја повторно да стигнат до минимална победа од 0-1 откако славеа на гостувањето кај Атлетик Билбао во меч од 25. коло во шпанската Ла лига.

Откако целото прво полувреме не ни донесе некои поголеми возбудувања клучниот момент се случи во судиското надополнување кога Каталонците поведоа со голот на Рафиња кој на крајот се покажа како клучен за нови три бода. Домаќините успеаја да постигнат израмнувачки погодок во 87. минута преку Ињаки Вилијамс, но поради играње со рака тој беше поништен.

 

Athletic Bilbao 0 – [1] Barcelona – Raphinha 45+1′ from soccer

 

 

Се вчитува...