Да се наежиш: Новата кореографија на навивачите на Борусија е феноменална

Навивачите на Борусија Дортмунд истакнаа фантастична кореографија пред почетокот на денешниот натпревар со Волфсбург.

„Како дете, татко ми ме носеше на натпревари, како што татко му го носеше него“ – гласеше слоганот на спектакуларниот „жолт ѕид“.

Фудбалерите возвратија со драматична победа од 2-0 над Волфсбург, со која „милионерите“ сега повторно имаат два бода предност во однос на Баерн по ремито на баварскиот гигант на гостувањето против Фрајбург.

Се вчитува...