Да се знае кој е европски првак – Реал го декласираше Фенербахче

Реал Мадрид го торпедираше Фенербахче (101-86) во дерби-пресметката од 25. евролигашко коло, нанесувајќи му го на лидерот на табелата само четвртиот пораз сезонава. Европскиот првак по разочарувачњата на последните пресметки со Барселона денеска конечно заигра во својот препознатлив ритам, па со беспрекорен напад го декласираше составот на Жељко Обрадовиќ. Фенер подобро го стартуваше натпреварот и поведе со 10-19, но од тој момент па се до крајот можеше да се проследи апсолутна доминација на „кралевите“, кои ја пробија границата од 100 постигнати поени против еден од најдобрите дефанзивни тимови во Евролигата.

Рендолф беше прв стрелец на „кралевите“ со 21 поен, а одличен беше и Љуљ, кој оствари дабл-дабл од 17 поени и 11 асистенции. Слукас беше најефикасен во таборот на Фенербахче со 15 поени, пред Весели и Гудуриќ со по 12 поени.

Жалгирис го торпедираше тимот на Гран Канарија со 34 поени разлика (98-64), втора победа во последните три меча за литванскиот тим кој лани стигна до Ф4 турнирот, а годинава речиси сигурно нема да биде дел ниту од Топ 8 фазата.

Макаби стигна до голема победа на гостински терен против Баерн Минхен (70-77), во дуелот на двата тима кои се во трка за осмата позиција на табелата. Израелскиот гигант имаше контрола над резултатот во второто полувреме и на крајот заслужено стигна до победата. Вилбекин беше главна фигура во победничкиот тим со 19 поени и 6 асистенции.

Се вчитува...