Да се знае кој е кој: Роналдо со „бомба“ спречи нов „кикс“ на Јувентус

Јувентус експресно се врати на победнички патеки во „Серија А“ откако актуелниот првак по голема битка славеше на гостувањето против Емполи 1-2.

Лесно можеше да се случи по ремито со Џенова „старата дама“ повторно да „киксне“, но такво нешто спречи Кристијано Роналдо. Имено, Емполи по првото полувреме имаше водство од 1-0, за потоа во вторите 45 минути Португалецот да стапи на сцена. Тој го израмни резултатот од пенал по стартот врз Дибала, за потоа со „бомба“ од околу 25 метри да ги смири домашните навивачи и да донесе целосен пресврт.

Се вчитува...