Да славиме или да жалиме? Македонците, во секој случај, добро се забавуваа на „Стожице“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската фудбалска репрезентација позитино го стартуваше квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство 2020 со четири освоени бода од воведните два натпревари.

Бодот од гостувањето против Словенија во Љубљана, без сомнение, треба да донесе задоволство во таборот на Игор Ангеловски, иако остава и мала горчина поради пропуштената можност низ квалитетно одиграниот натпревар на крајот и со сите три бода да си заминеме од под Алпите.

Во секој случај, присутните македонски навивачи на стадионот „Стожице“, на крај, задоволни го напуштија дуелот со уште една потврда дека овој национален состав и тоа како може да се надигрува буквално со секој противник на Стариот континент…

 

Се вчитува...