Дабл-дабл на Шенгун, Лејкерс преку пресврт до победа

Пет натпревари од НБА летната лига се одиграа ноќта помеѓу неделата и понеделникот. Победи забележаа Портланд, Хјустон, Оклахома, Мајами и Лос Анџелес Лејкерс.

Блејзерс го совлада Шарлот Хорнетс со 93-86, со 27 поени на Антонио Блекени, додека Џорџ Кинг додаде 17. Кај Шарлот се истакна Џејмс Бакнајт со 19 поени.

Хјустон беше подобар од Кливленд Кавалирс 84-76. Џејлен Грин постигна 23 поени, КJ Марти 17, а турскиот играч Алперен Сенгун се истакна со 15 поени и 15 скока, а зад неговото име запиша три асистенции.

Исак Окоро беше најдобар кај Кливленд со 17 поени. Оклахома триумфираше над Детроит Пистонс 76-72, со добрата игра на Тео Маледон кој имаше 15 поени, 11 асистенции и пет скока.

Мајами беше убедлив против Денвер 97-77, а најистакнат беше Р.Ј.Нембард со 18 поени. Од друга страна, Калеб Агада и Бол Бол дадоа по 21 поен.

По пресвртот, Лос Анџелес Лејкерс успеа да слави против Феникс со 73-72, а Девонте Какок запиша 13 поени. Натпреварот помеѓу Индијана и Вашингтон не се одигра поради евиденција на позитивни од Ковид-19.

Се вчитува...