Манчестер Јунјатед и официјално идната сезона ќе игра во Лигата на шампионите, откако успеа да го победи тимот на Ливерпул со 3-2, и така да стигне до 18-тата победа во сезоната, и да се зацврсти на третата позиција на табелата.
„Црвените Ѓаволи“ одиграа импресивно прво полувреме во кое водеа со 2-0. Домаќините брзо почнаа да ја „решаваат“ одбраната на противникот. Во шестата минута после еден корнер, Куња најпрво се обиде, беше озблокран од Гравенберх, но потоа топката се одби од Мекалистeр и заврши во мрежата.
Манчестер продолжи да игра подобро, а Фернандеш асистираше со Шешко кој успеа да донесе 2-0.
Следуваше период во кој Ливерпул имаше поголем посед на топката, но не направи ништо значајно. Гакпо упати удар кој заврши крај голот, а на другата страна Манчестер Јунајтед можеше да дојде до трет гол преку Фернандеш, меѓутоа ударот беше непрецизен.
На самиот почеток на вториот дел Ливерпул намали преку Собослаи, кој по индивидуална акција успеа да упати удар од работ на шеснаесетникот и да ог совлада Ламенс. Гостите израмнија во 56. минута. Гакпо на асистенција на Гравенберх носи „егал“.
Херој на Манчестер Јунајтед е Мајну, кој собра една одбиена топка и упати удар кој заврши во долниот лев агол од голот на Ливерпул за голем триумф на Манчестер Јунајтед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
