Далас го носи омилениот тренер на Лука Дончиќ

Далас Маверикс летово се раздели од Рик Карлајл како шеф на стручниот штаб по конфликтот што овој стручњак го имаше со Лука Дончиќ, а газдата Марк Кјубан е решен да стори се за да го задоволи младиот Словенец кој во текот на следната година би требало да потпише нов долгогодишен договор со овој клуб.

За наследник на Карлајл беше именуван легендарниот плејмејкер Џејсон Кид, а сега се најавува дека во стручниот штаб на Далас ќе биде вклучен и Игор Кокошков, за кого се очекува во најскоро време да добие отказ од функцијата селектор на Србија. Овој стручњак важи за еден од омилените тренери во кариерата на Лука Дончиќ, двајцата заедно станаа европски шампиони со Словенија во 2017, па Кјубан со овој потег би донел стратег што добро го познава Лука, знае како да го извлече максимумот од него, но и да придонесе суперѕвездата на Далас уште повеќе да напредува.

Единствен проблем е што Кокошков се уште е под договор со Фенербахче, но челниците на Далас се убедени дека ќе успеат да го исплатат турскиот клуб за да добијат зелено светло Србинот веќе летово да се врати во НБА-лигата.

Се вчитува...