Далас губи кога Дончиќ е скромен, Јута на фински „погон“ го „смрзна“ Хјустон (ВИДЕО)

Ноќеска беа одиграни четири натпревари во најсилната НБА Лига во која честа на домашните ја одбрани Денвер, и покрај лошиот учинок на МВП играчот Никола Јокиќ. Србинот за 24 минути поминати на теренот, постигна „само“ 12 поени, и шест скока, но имаше девет асистенции во триумфот на неговиот тим над ЛА Клиперс со 122-91.

Најефикасен на средбата беше Мареј со 18 поени, го следеа Хиланд со 16, и Чанчар со 15.

Далас не може да победи кога не му оди на Лука Дончиќ. Словенецот постигна 23 поени во поразот на домашен терен од Бостон од 95-124. Дончиќ имаше слаб ден и не му одеше шутот за три поени од каде не постигна ниту еден кош од шест обиди. За 31 минута на терен, Словенецот покрај 23 поени имаше девет скока и само три асистенции што беше преслабо да им парираат на Тејтум и другарите. Тејтум дојде до трипл-дабл со 29 поени, 14 скокови и 10 асистенции.

Благодарение на финскиот кошаркар Лаури Маркканен, Јута стигна до победата од 114-131 на гостувањето кај Хјустон. Финецот сам против сите постигна 49 поени надополнети со осум скока, поразувајќи ги „рокетси“ каде најефикасен беше Грин со 30 поени.

Мемфис Гризлис со 123-115 славеа на гостувањето кај Орландо, во партија во која „царуваат“ Морант и Џексон со 32, односно 31 поен.

НБА, РЕЗУЛТАТИ

Орландо – Мемфис 115-123
Далас – Бостон 95-124
Хјустон – Јута 114-131
Денвер – ЛА Клиперс 122-91

Се вчитува...