Далас и без Лука Дончиќ успеа да слави над Голден Стејт, голема победа и на Феникс (ВИДЕО)

Кошаркарите на Далас маверикс во крајно интересен натпревар синоќа на домашен терен и без услугите на својот најдобар играч, Лука Дончиќ успеаја да слават над Голден стејт вориорс со 108-106.

Најдобар поединец во таборот на франшизата од Тексас беше Пи Џеј Вошингтон кој натпреварот го заврши со 32 поени. Кај поразените Стеф Кари уфрли 28 поени.

До голема победа во битката за плеј-оф стигна Феникс санс кој на домашен терен беше подобар од лидерот на Западот, Минесота тимбервулвс со 97-87. Грејсон Ален со 23 поени беше најефикасен кај победникот, додека кај поразените Ентони Едвардс постигна 17 поени.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Вашингтон – Портланд 102-108, Индијана – Оклахома 126-112, Шарлот – Орландо 124-115, Бостон – Сакраменто 101-100, Њу Орлеанс – Сан Антонио 109-111, Милвоки – Торонто 111-117, Мемфис – Детроит 108-90, Хјустон – Мајами 104-109, Чикаго – Њујорк 108-100 и ЛА Клиперс – Јута 131-102.

Се вчитува...