Лука Дончиќ минатата сезона покажа дека е една од најголемите ѕвезди во НБА лигата. Одигра неверојатна сезона во која просечено бележеше 28,8 поени, 9,4 скока и 8,8 асистенции и заврши на третото место во трката за МВП наградата. „Руки“ договорот на Дончиќ во Далас трае уште две години, а сигурно е дека по неговото истекување младиот Словенец ќе потпише максимален договор со клубот од Тексас.
Покрај тоа американските медиуми пренесуваат дека од Далас се подготвени да ги трејдаат сите кошаркари освен Дончиќ и Кристапс Порзингис како би довеле уште една ѕвезда со која би ја нападнале и шампионската титула. На големо се зборува дека прв пик на Марк Кјубан е двократниот едноподруго МВП на лигата Јанис Адетокумбо чив договор со Милвоки Бакс завршува на крајот на следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА