Далас Маверикс доби нови сопственици

НБА франшизата Далас Маверикс е продадена, а преземањето од страна на новите сопственици ќе биде завршено до крајот на тековната недела.

НБА дозволи продажба на тимот од Тексас, објави познатиот новинар Адријан Војнаровски.

Марк Кубан ќе го продаде сопственичкиот удел на семејствата на д-р Миријам Аделсон, како и на Сиван и Патрик Думонт. Думонт, кој инаку е претседател на корпорацијата Лас Вегас Сандс, ќе биде главен претставник.

Се вчитува...