Далас победува и без Дончиќ, Денвер и Јокиќ го продолжуваат походот кон врвот на „Западот“ (ВИДЕО)

Денвер го продолжува походот кон врвот на табелата откако со триумфот со 121-111 над Торонто стигна до 43. победа во сезоната. Српскиот интернационалец Никола Јокиќ повторно забележа дабл-дабл учинок, овој пат од 19 поени и 11 скока, додека гостите ги предводеше Огугуа Анунобу со 25 поени и 3 асистенции.

Победа од 105-115 забележа и Далас кој на натпреварот против Детроит настапи без Лука Дончиќ. Во отсуство на Словенецот белесна Тим Хардавеј со 42 поени, додека Џексон беше најрасположен во домашниот тим со 20 поени и 3 скока.

Во останатите натпревари Бруклин славеше над Индијана со 113-130, Хјустон забележа победа од 143-136 над Милвоки, Минесота славеше над Голден Стејт со 126-114, додека Њу Орлеанс го доби дуелот против Оклахома со 95-109.

Се вчитува...