Далас поразен без Лука, Букер броеше до 58 против Њу Орлеанс (ВИДЕО)

Кошаркарите на Далас Маверикс во трилер натпревар загубија на гостувањето кај Кливленд со 99-100. Донован Мичел со 25 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Кемба Вокер заврши со 32 поени.

Мавс на овој меч беа без својата прва ѕвезда Лука Дончиќ кој доби одмор, откако требаше да одигра два натпревари во два дена.

Во дербито на вечерта Феникс Санс славеше на домашен терен против Њу Орлеанс Пеликанс со 118-114. Неверојатна партија на овој меч имаше првата „ѕвезда“ на Санс, Девин Букер  кој го заврши натпреварот со 58 поени. Кај поразените Зајон Вилијамсон постигна 30.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: ЛА Клиперс – Вашингтон 102-93, Сан Антонио – Мајами 101-111, Хјустон – Портланд 95-107, Милвоки – Јута 123-97 и Оклахома – Мемфис 115-109.

 

Се вчитува...