Далеку пред сите: Кире Лазаров е најдобар стрелец во историјата на ЛШ

Најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров воедно е и неприкосновен стрелец во Лигата на шампионите, далеку пред останатите големи асови кои со години настапуваат во елитното европско ракометно натпреварување.

Времето на пауза на ракометната сцена се користи за анализи и статистики, а на ранг-листата на најдобри стрелци во историјата на ЛШ убедливо води Лазаров, кој вкупно 1.332 пати ги матирал противничките голмани. Македонскиот „бомбардер“ го носеше дресот на бројни европски гиганти во изминатите дваесетина години, а притоа стигна и до една титула во ЛШ, како член на Барселона.

Далеку зад Лазаров, на второто место се наоѓа неговиот поранешен соиграч од Барса, Никола Карабатиќ со 1.074 гола. Третопласиран е поранешниот ас на Веспрем, Момир Илиќ со 969 погодоци пред Тимур Дибиров од Вардар со 884 постигнати гола во Лигата на шампионите. Зад Дибиров се наоѓаат Марко Вујин со 841, Сергеј Рутенка со 838, Микел Хансен со 821 и Ласло Наѓ со 806 постигнати погодоци.

Се вчитува...