Поранешниот фудбалер на Манчестер сити и Вулверхамптон, Џолеон Лескот, во емисија на „ТиЕнТи спортс“, откри дека во зимскиот преоден рок, Ливерпул може да направи сензационален трансфер.
Лескот зборувајќи за екипите кои би биле меѓу поактивните во зимскиот преоден рок, ја спомена можноста поранешниот капитен на Реал Мадрид, Дани Карвахал, да го облече дресот на Ливерпул.
Според Лескот, овој трансфер би можел да се реализира и порано бидејќи Карвахал се уште е без клуб и може да потпише за нова екипа и по завршување на летниот преоден рок.
Иако не откри повеќе детали за можниот потпис и веројатноста такво нешто да се случи, неговите зборови ги кренаа на нозе речиси сите европски спортски медиуми.
Дани Карвахал најголем дел од кариерата го помина во Реал Мадрид, додека една сезона играше и за Баер Леверкузен (2012/13).
За „кралскиот клуб“ настапи на 451 натпревар и освои голем број на трофеи, четирипати триумфира во Ла Лига, шестпати во Лигата на шампиони, има четири шпански Суперкупа, два Кралски купа, пет трофеи во Суперкупот на УЕФА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
