Голот на Џуд Белингем за израмнување на натпреварот од четвртфиналето на Светското првенство се покажа како нерегуларен, на што се обидоа да укажат играчите и стручниот штаб на Норвешка пред францускиот судија Клемон Турпен.
За време на еден потег на Орјан Ниланд во втората минута од судиското надополнување на првото полувреме, топката удри во кабелот што ја држи „висечката“ камера над теренот и наеднаш го промени правецот, што доведе до брза контранапад на Англија, кој Белингем го претвори во гол за 1-1.
For the benefit of those who haven’t seen the review of the ball hitting the camera cable before England’s equaliser on Fox Sports… pic.twitter.com/TQks5POkLe
— Melissa Reddy (@MelissaReddy_) July 11, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
