Дали Коке откри добро чувана тајна? „Суарез прави се да го доведе Меси во Атлетико“

Барселона игра во очајна форма сезонава, а најголем фактор за тоа е целата сага околу барањето за трансфер на Лионел Меси во последниот преоден рок. Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Коке откри нешто што може да одекне како бомба во фудбалска Европа. Тој вели дека во неговиот тим се обидуваат на секој можен начин да го доведата Лионел Меси на „Ванда Метрополитано“.

„Понекогаш во шега разговараме и се прашуваме со што би можеле да го увериме Лео Меси да дојде во Атлетико Мадрид. Знам дека во финансиска смисла тоа е тешко изводливо, бидејќи Атлетико не би му дал плата која ја има во Барселона. Меѓутоа, тој може да одлучи да дојде кај нас поради желбата да освои уште некоја титула во Лигата на шампионите и поради желбата да го направи тоа со уште некој друг клуб. Луис Суарез може да го убеди Лео да ни се придружи. Во фудбалот се е можно исто како и во животот“, вели Коке. 

Атлетико Мадрид во моментов се наоѓа на првата позиција во Ла лига, а вечерва го очекува големото градско дерби против Реал.

Се вчитува...