Лионел Меси ја предводеше Аргентина до убедлива победа од 3-0 против Алжир на стартот од Светското првенство во Канзас Сити, но натпреварот остана во сенка на една контроверзна судиска одлука. Актуелниот светски шампион рутински ги освои трите бода благодарение на фантастичниот хет-трик на својот капитен. Сепак, главна тема по натпреварот е моментот кој лесно можеше целосно да го промени текот на средбата.
По половина час игра при резултат 1-0, Меси невнимателно и со отворен ѓон стартуваше директно врз еден од фудбалерите на Алжир. Иако прекршокот според фудбалските правила и мислењето на јавноста беше за директен црвен картон, главниот судија одлучи да не му покаже дури ниту жолт картон.
Оваа одлука предизвика бурни реакции кај африканската селекција, додека Аргентинецот ја искористи укажаната шанса и до крајот со уште два гола ја запечати победата.
Messi just got away with an absolutely DISGUSTING challenge to an Algeria defenders leg.
Red card or not?pic.twitter.com/2ZU2B5j4oH
— Banter FC (@FCBanter_) June 17, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
