Дали знаете кој му бил омилен фудбалер на Силвио Берлускони?

Ариедо Браида, близок соработник на Силвио Берлускони вели дека Марко ван Бастен му бил најомилениот фудбалер на некогашниот прв човек на фудбалскиот клуб Милан.

Тој вели дека Берлускони ги обожавал и Роберто Донадони, Франко Барези и Паоло Малдини.

„Ги обожаваше елегантните фудбалери, мислам дека Марко ван Бастен му беше најомилен, но тешко е да се одбере само едно име. Ги обожаваме сите, не само големите засилувања, туку и играчите од школата како Паоло Малдини, Алесандро Костакурта, Мауро Тасоти и Филипо Гали“ рекол Браида.

Берлускони почина во понеделникот, а ќе остане запаметен како една од најскандалозните италијански личности.

Се вчитува...