Златко Далиќ со право беше разочаран по поразот од Англија на стартот од овој светски шампионат откако Хрватска одигра потпросечно второ полувреме во кое беше казнета од моќниот противник.
Хрватскиот селектор беше критикуван поради слабата одбрана на прекините и пред овој мундијал, а истиот проблем се повтори и на дуелот со Англичаните, кои лесно доаѓаа до ситуација за погодок….
„Веќе реков дека е најтешко кога првиот меч го играш со најтешкиот ривал во групата, нас така ни се случи и веќе немаме право на грешка. Не би рекол дека игравме лошо, но бевме казнети за грешките што ги направивме. Ако во нешто бевме лоши, тоа беше бранењето на прекините. Катастрофално… она што го вежбавме, воопшто не го покажавме, а Англичаните знаеја како да искристат. Мораме да работиме затоа што и Гана и Панама ја видоа оваа слабост во нашата игра и ќе се обидат да ја искористат. Не смееме да си дозволиме нови грешки, потребни ни се две победи до крајот на групната фаза“, порача хрватскиот селектор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
