Далиќ: Можно е Модриќ да стави крај на репрезентативната кариера

Златко Далиќ денеска одржа прес-конференција откако Хрватска испадна од Европското првенство. „Коцкестите“ вчера го одиграа натпреварот од осминафиналето против Шпанија, а по продолженијата беа поразени со 5-3. Тимот се врати во Ровињ каде што е нивната база, а Далиќ даде изјавa за јавноста.

Далиќ преку видео-врска одржа прес-конференција, па зборуваше за крајниот епилог на Хрватска, и дали Модриќ ќе се прости од репрезентацијата?

„Ја постигнавме нашата цел. Ќе разговарам со луѓето во Федерацијата и со постарите играчи. Нашата главна мисија сега е да се квалификуваме во Катар. Јас и Лука ќе одлучиме што и како за продолжување на соработката. Иднината на Модриќ во репрезентацијата зависи од него. Се уште не разговарав со Ловрен, Видa, Лука, ќе чекам да легнат страстите некое време. Не дадoa буквално сите се од себе на овој турнир“, заклучи Далиќ.

Се вчитува...