Далиќ: Очекувавме дека ќе биде тешко против Мароко, одиме понатаму следна е Канада

Хрватска не успеа да стигне до три бода во првиот натпревар на Светското првенство во Катар. „Коцкестите“ ги запре Мароко кој одигра одлично, на моменти беше и подобриот противник, а на момент имаше и среќа за реми без голови.

Селекторот Златко Далиќ по мечот изјави дека противникот одиграл одличен натпревар, а на Хрватска и недостасувала желба. Ремито е веќе зад балканската држава која сега целиот фокус го има на Канада.

„Очекувавме дека ќе биде тежок натпревар. Противникот беше цврст, чекаше шанса за контра напад, а ние се плашевме да не ја изгубени топката. Имавме посед, ја контролиравме топката, но ни недостасуваше желба. Мораме да осовиме четири или пет бода за да ја освоиме групата. Мароко денеска беше добар, одиме понатаму“, вели предводникот на хрватската репрезнетација.

Се вчитува...